Scientific Collaboration On Past Speciation Conditions in Lake Ohrid

Охридско Езеро е најистакнато европско, античко езеро со највисок степен на ендемичен биодиверзитет меѓу сите светски, древни езера после земањето во предвид на големината на самиот акватичен екосистем. SCOPSCO програмата за дупчење има за цел да се изврши дупчење на неколку локалитети во Охридско Езеро, при што најдлабокото дупчење е предвидено да има длабочина од 680 метри. SCOPSCO програмата е прв проект на ICDP (International Continental Scientific Drilling Program) или на Меѓународната континентална и научна програма за дупчење), кој е првенствено спроведен за еволутивни цели. Во исто време, дополнителни проекти имаат за цел искористување на ДНК податоци и пристапи на молекуларен часовник, за да се реконструира еволутивната историја на избрани групи на ендемични видови. Комбинацијата на двата пристапи, т.е. длабокото дупчење и ДНК анализи овозможува тестирање на одредени хипотези во однос на ефектот на промените во животната средина врз процесите на специјација (настанување на видовите).

Всушност, во основа сите хипотези за потеклото на преживеаните видови во Охридско Езеро се воспоставени пред околу 100 години и ниту една од истите не е тестирана во современа научна рамка. Покрај тоа, постои контроверзност во поглед на тоа дали неверојатниот степен на ендемизам во Охридско Езеро е резултат на претпоставената, долгорочна еколошка стабилност или на брзите паузи на животната средина на езерото кои настанале како резултат на големи геолошки, хидролошки или климатски промени. Главните цели на постоечкиот предлог се да се искористат независните филогеолошки податоци од неколку групи на без`рбетници: а) да го откријат потеклото на преживеаните видови на фауната во Охридско Езеро што дава доволно информации за лимнолошката историја на езерото, б) да се обезбеди времето во кое настанале големи еволутивни настани во охридскиот басен кои предизвикале изливи на специјација и резултирале со вонредна разновидност и ендемизам кај многу таксони, в) да се тесира корелацијата на овие добиени податоци со информациите за големи геолошки, лимнолошки и информации за промени во животната средина и г) да се разбере ефектот на геолошките, физичко-хемиски и/или стазите на животната средина наспроти промените во еволутивната историја на езерото. Проектот е од општо и теоретско значење бидејќи се поклопува со времето на големи и важни еволутивни настани во Охридско Езеро, а покрај тоа не само што ќе помогне да се стави акцент на тестирање и објаснување на несигурната лимнолошка историја на езерото, но исто така ќе биде и еден од првите примери во историјата кадешто молекуларно-еволутивните биолози ќе се обидат да одгатнат големи лимнолошки настани во древните езера во комбинација со ICDP или Меѓународната континентална и научна програма за длабоко дупчење.

Wilke Schnecken