Scientific Collaboration On Past Speciation Conditions in Lake Ohrid

Охридско Езеро

Балканското Охридско Езеро (40°54' до 41°10' СГД, 20°38 'до 20°48' ИГД) е едно од најистакнатите антички езера во Европа. Должината на езерото изнесува 30,3 км, додека пак неговата широчина изнесува 15,6 км. Зафаќа целосна површина од 358 км2 и е лоцирано на надморска височина од 693 м. Езерото има релативно едноставен, коритовиден облик на неговиот басен, со максимална длабочина од 286 метри. Целосната замена на вкупниот воден столб од езерото се случува еднаш на секои седумдесет години.

Езерото крие неверојатен степен на биолошка разновидност (биодиверзитет) со голем број на ендемични видови. Доколку се земе во предвид и големината на самото езеро, тоа припаѓа во групата на езера со највисок степен на биодиверзитетот во светски рамки.

Олиготрофната состојба на езерото како и високиот степен на ендемизам го прават Охридското Езеро национално богатство на Албанија и Македонија. Зголеменото антрополошко влијание во текот на изминатите децении, како на пример туризам, риболов, како и индустриските и земјоделските активности во сливот неминовно водат кон еутрофикација на езерото и го доведуваат во опасност овој уникатен екосистем.

Препорачана литература:

Wagner, B., Wilke, T. & Brovkin, V. (eds.), 2011: Evolutionary and geological history of Balkan lakes Ohrid and Prespa. Biogeosciences, Special issue, Copernicus Publications, Göttingen

Albrecht, C. & Wilke, T., 2008: Ancient Lake Ohrid: biodiversity and evolution. Hydrobiologia 615: 103–140

Noveska, V., Naumoski, T., Gjorgonoska, D. & Mitic, V., 1985: Bibliography for Lake Ohrid. Special edition. Ohrid: 1–42

Stankovic, S., 1960: The Balkan Lake Ohrid and its Living World. Monographia Biologicae, Vol. IX. Uitgeverij Dr. W. Junk, Den Haag 357 pp.

Click here to gallery...

See mit Tiefenlinien